ДОДЕЛЕНИ 50 ТАБЛЕТ КОМПЈУТЕРИ НА УЧЕНИЦИ ОД СОЦИЈАЛНО-РАНЛИВИ СЕМЕЈСТВА
- септември 9, 2020
- 0
Секретарот на Општина Охрид Игор Бежоски денеска ги додели таблет компјутерите кои компанијата „Еколог Интернешнл“ ги донираше за учениците од социјално-ранливите семејства од Охрид.
Вакви електронски уреди добија 41 ученик од основните и 9 ученици од средните училишта во општината, кои се соочуваа со недостиг на соодветни услови за следење на далечинска настава и користење на„онлајн“ апликации.
Оваа донација е во насока на соодветно и успешно спроведување на наставата по електронски пат, согласно утврдените протоколи за заштита од вирусот „КОВИД 19“ и правилата кои ги утврди Министерството за образование и наука за одвивање на наставата во текот на претстојната учебна година.
Инаку, компанијата „Еколог Интернешнл“ донираше неколку илјади таблет компјутери и во други општини од Република Северна Македонија.