СВИКАНА ЧЕТИРИЕСЕТ И СЕДМАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
- септември 18, 2020
- 0
Врз основа на член 40 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 31 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр. 8/07, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14 и 10/19), претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ЧЕТИРИЕСЕТ И СЕДМАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ четириесет и седмата седница на Советот на општина Охрид на ден 21.09.2020 година (понеделник ) со почеток во 11.00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на Записник од 45 седница
- Предлог- Програма за измена на програмата за активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2020 година.
- Предлог- Одлука за измена на распоредот на средствата во буџетот на општина Охрид за 2020 година.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Живка Ангелоска