СВИКAНА ПЕДЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
- октомври 30, 2020
- 0
Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ПЕДЕСЕТТАТА
СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ педесеттата седница на Советот на општина Охрид на ден 30.10.2020 година (петок ) со почеток во 14.00 часот.
Седницата ќе се одржи преку конференциска врска со употреба на интернет комуникација во 14:00 часот.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Предлог – Одлука за давање на трајно користење на недвижен имот, сопственост на општина Охрид на ЈП Градски Пазар Охрид.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Живка Ангелоска