Здраво машко дете е првото новороденче во Новата 2021 Година во Охрид.  Бебенцето  на Свет, дојде рано утрово во 4.30 минути и е второ дете во семејството Илоски. Детето е тешко 3 килограми и  620 грама  , а долго 53 сантиметри и е во одлична здравствена состојба како неговата мајка Елизабета.

Првото новороденче попладнево во Општата Болница го посети градоначалникот на Охрид Константин Георгиески. Тој го дарува со пригодни подароци посакувајќи му добро здравје, среќа и долг живот.

Ако машкото дете симболизира цврстина и бериќет, се очекува годинава што е пред нас да биде поздрава и побериќетна од минатата.