СВИКАНА ПЕДЕСЕТ И ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
- јануари 25, 2021
- 0
Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ПЕДЕСЕТ И ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ педесет и четвртата седница на Советот на општина Охрид на ден 29.01.2021 година (петок) со почеток во 10:00 часот.
Седницата ќе се одржи преку конференциска врска со употреба на интернет комуникацијa.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
-
- Предлог – програма во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2021 година.
- Предлог – одлука за утврдување на висината на надоместокот (закупнината) за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2021 година.
- Предлог – одлука за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.
- Предлог – одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорите на јавните установи за деца за 2021 година.
- Предлог – одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на административните службеници вработени во ЈОУДГ “Јасна Ристеска” – Охрид
- Предлог – одлука за давање согласност на планот за измени на Годишниот план за вработување на општина Охрид за 2021 година.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател,
Живка Ангелоска