Врз сонова на член 50 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.5/02) и член 34 од Статутот на Општина Охрид (Сл.Гласник бр.8/07), Јавниот Конкурс бр.09-9376/2 од 21.10.2020 година за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на додипломски студии на државни универзитети во Република Северна Македонија и на државни универзитети во други земји, за академската 2020/2021 година, имајќи ја во предвид Ранг листата од 05.01.2021 година на студентски стипендии во академската 2020/2021 година изготвена од страна на Комисијата за постапување по Конкурсот бр.09-9376/2 од 21.10.2020 година за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на додипломски студии на државни универзитети во Република Северна Македонија и на државни универзитети во други земји, во академската 2020/2021 година, а особено имајќи го во предвид Ревизискиот извештај бр. 37-264/2 од 22.01.2021 година, Градоначалникот на Општина Охрид го донесе следното:

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

  1. Се поништува Конкурсот бр.09-9376/2 од 21.10.2020 година за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на додипломски студии на државни универзитети во Република Северна Македонија и на државни универзитети во други земји, за академската 2020/2021 година во делот А) кој се однесува на доделување стипендии за редовни студенти на додипломски студии од I,II, III, IV, V и VI година од Општина Охрид кои студираат на државни универзитети во други земји за академската 2020/2021 година.
  2. Се врши распределба на парични средства од Програмата А0 од Буџетот на Општина Охрид врз основа на Ранг -листата од 05.01.2021 година на студентски стипендии во академската 2020/2021 година изготвена од страна на Комисијата за постапување по Конкурсот бр.09-9376/2 од 21.10.2020 година за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на додипломски студии на државни универзитети во Република Северна Македонија и на државни универзитети во други земји, во академската 2020/2021 година и тоа на делот Б) од истиот Конкурс кој се однесува на доделување стипендии за редовни студенти на додипломски студии од I,II, III, IV, V и VI година од Општина Охрид кои студираат на државни универзитети во РСМ за академската 2020/2021 година и живеат во потешки социјални услови, и тоа:

РEШЕНИЕ ЗА КОНКУРС БР.09-9376/2 ОД 21.10.2020 ГОДИНА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА РЕДОВНИ СТУДЕНТИ ОД ОПШТИНА ОХРИД