ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ ЗА СТИПЕНДИИ
- февруари 9, 2021
- 0
Утре на 10.02.2021 година (среда) истекува последниот рок за потпишување на договорите за доделените стипендиина ученици од општинските основни и средни училишта на подрачјето на Општина Охрид, за учебната 2020/2021 година.
Добитниците на ученички стипендии кои сеуште немаат потпишано договори се повикуваат да дојдат во Општина Охрид. За добитниците на стипендии кои се малолетни лица, задолжително е присуство на родител.
Воедно се упатува известување до добитниците на студентски стипендии дека потпишувањето на договорите за доделените стипендии ќе се врши од 10.02.2021 година (среда) до 15.02.2021 година (понеделник) во Општина Охрид.