ДВЕ СЕДНИЦИ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
- февруари 10, 2021
- 0
По подолго време, денес со физичко присуство беа одржани две седници на Советот на Општина Охрид. Педесет и петтата и педесет и шестата седница беа со по една точка на дневниот ред: Советнички прашања и предлог одлука за доделување на компјутерска опрема (таблети) за ОУ “Братство Единство“.
На седницата за советнички прашања, доминираа теми од сите сфери на работењето на локалната самоуправа и јавните претпријатија.