Врз основа на член 52 точка (1) од Законот за административни службеници    (“Сл. весник на РМ“ бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018), секретарот на Општина Охрид донесе:

 

О Д Л У К А
за избор на кандидат по интерен оглас зaунапредување административен службеник

 

  1. Кандидатот ЗОРАН ТАНЕВСКИ сеизбиразаработното место

УПР0101В01000, Советник- Одговорен сметководител во Одделение за сметководство и плаќање, Сектор за финансиски прашања.

  1. Овааодлука ќе се достави до избраниот кандидат и ќе се објави на вебстраната на Општината.

 

О б р а з л о ж е н и е

 

Општина Охрид на својата веб страната и веб страната на Агенцијата за администрација на ден 17.03.2021 година објави интерен оглас број 1/2021 за унапредување на еден административен службеник за работното место УПР0101В01000советник – одговорен сметководител во Одделението за сметководство и плаќање, Сектор за финансиски прашања.

Комисијата за селекција на ден 26.03.2021 година спроведе административна селекција за интерен оглас (записник бр. 04-3033/1) и интервју за унапредување на административен службеник (записник бр. 04-3033/2)

Врз основа на резултатите од спроведените фази за унапредување, Комисијата за селекција изготви финалнаранг-листа и предлог за избор на кандидатот Зоран Таневски на работното место УПР0101В01000советник – одговорен сметководител во Одделението за сметководство и плаќање, Сектор за финансиски прашања, кој во законскиот рок го достави до Секретарот заради избор на кандидат.

Врз основа на горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.

 

Поука за правно средство:    Против оваа Одлука може да се изјави жалба до Агенцијата за администрација во рок од 8 дена од денот на нејзиното објавување на веб-странатана Општината.