ЦВЕЌЕ ПРЕД СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈЕТО НА ХРИСТО УЗУНОВ
- април 23, 2021
- 0
По повод одбележување на годишнината од смртта на охридскиот револуционер Христо Узунов претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска положи свежо цвеќе пред спомен обележјето во градскиот парк во Охрид. Воедно претседателката Ангелоска им го честита патрониот празник на учениците и вработените од ОУ „Христо Узунов“ што годинава се одбележува согласно здравствените протоколи поради пандемијата од КОВИД 19.