ОХРИД УСПЕШНО ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ АКЦИЈАТА ЗА ЧИСТЕЊЕ „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“
- мај 8, 2021
- 0
- Категорија:
Големи количини на неразградлив отпад денеска беа подигнати од крајбрежјето на Охридското Езеро во рамки на акцијата „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“. Се чистеа плажите Грашница, Горица и Св. Стефан како и плажата пред село Пештани.
Во теренските активности за чистење беа вклучени Општина Охрид, ЈП „Охридски Комуналец“, локалните здруженија „Брег на младоста“ и „Чист Охрид“ како и голем број граѓани.
Акцијата беше иницирана и организирана од страна на компанијата „Мен енд маунтен“, со поддршка на Министерството за животна средина, „Пакомак“ и Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија.
Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон природата и истата беше реализирана согласно протоколите за заштита од Ковид 19.