ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ФУДБАЛЕРИТЕ НА ОХРИД
- мај 28, 2021
- 0
- Категорија:
На покана на градоначалникот Константин Георгиески, денеска, се одржа средба со членовите на управата и фудбалерите на ГФК Охрид. На средбата градоначалникот изрази голема благодарност и честитки за успешната сезона на клубот и ги увери дека поддршката на Локалната самоуправа нема да изостане и во наредната сезона.
Претседателот на клубот, Љупчо Грданоски, од лично име и од име на сите кои се дел од клубот се заблагодари за личната поддршка на градоначалникот и за поддршката што општина Охрид ја дава за непречено функционирање на градскиот клуб.
Во знак на благодарност капитените на клубот на градоначалникот му подарија дрес и благодарница.