Поради огромниот интерес,  акцијата „Цветни балкони-Цветен Охрид“   што традиционално ја организира Општина Охрид по повод  5- јуни , Светскиот ден на животната средина  започна и заврши  денес , а беше предвидено да трае два дена.

Предвидените  400 жардиниери со саксиско цвеќе за кратко време   беа  поделени   на жителите од улиците: „Момчило Јорданоски“, „Александар Гушо“, „Трајче Дојчиноски“, „1-ви Мај “, „Вангел Николоски“, „Дебарца“, „Марко Цепенков“ од пресекот кај Стобекс до кружниот тек кај болницата, “, населба „Рача“, населба Горно и Долно Коњско и с. Пештани.

Проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“ се реализираше  во расадникот на ЈП „Охридски комуналец“.