„САКАЈ ГО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО- ЕДИНСТВЕНО Е ВО СВЕТОТ“ ПРОЕКТ ЗА ЧИСТИ ЕКОЛОШКИ ПЛАЖИ
- јуни 21, 2021
- 0
- Категорија:
Во рамките на проектот „Сакај го Охридското Eзеро-единствено е во светот“ имплементиран од невладината организација „Нова Порта“ во рамки на Годишната програма за заштита на животната средина и природата на Општина Охрид, изминативе два месеци беа реализирани бројни активности за подигнување на еколошката свест.
Како дел од активностите на проектот на повеќе локации на брегот на Охридското Eзеро учениците од охридските училишта собираа отпад, пластика и амбалажи од најразлични материјали кои несовесните граѓани ги одлагале по плажите и околината на езерото.
Најмалите преку вакви акции осознаваат за значењето на здравата животна средина. Во таа насока се организираа и едукативни еко-работилници како и еко-акција заедно со нуркачите за расчистување на дното на езерото.
Целта на проектот „Сакај го Охридското Езеро- единствено е во светот“ е подигнување на еко свеста кај младите, всадување љубов кон природата, поттикнување на активизам со организирање на еко-акции и еко-работилници, запознавање на младите со ендемичниот свет, кој милиони години живее во Охридското Езеро.
Во рамките на проектот „Сакај го Охридското Езеро-единствено е во светот“ изработен е и видео спот преку кој младите испраќаат силни и јасни пораки за подигнување на еколошката свест, а како главна активност е мапирање на исчистените плажи со еко-знамиња со кои се обележуваат еколошко-чистите плажи.