ЌЕ БИДАТ СТАВЕНИ ВО ФУНКЦИЈА РАМПИТЕ ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ВО СТАРИОТ ДЕЛ НА ГРАДОТ
- јуни 28, 2021
- 0
Се известуваат жителите и туристите кои престојуваат во Охрид дека од 1.07.2021 година (четврток) ќе бидат ставени во функција рампите за влез и излез во стариот дел на градот.
Моторните возила ќе може непречено да сообраќаат, само доколку поседуваат картичка за движење во овој дел од градот.
Оваа мерка е дел од утврдениот режим на сообраќај за старото градско подрачје и Правилникот за издавање на картички за движење на моторни возила.
Постоечките картичките за кои не е извршена навремена пререгистрација во согласност со повикот на општината, кој беше објавен на 20.05.2021 година, ќе бидат поништени и неважечки.
Функционирањето на рампите ќе биде регулирано со 24 часовно физичко обезбедување и ќе биде под постојан видео надзор.
Се упатува известување до сите правни лица кои сообраќаат во стариот дел на градот дека дотурот на стока ќе може да се врши само преку влезот кај „Горна Порта“ во утринските часови во периодот од 05:00 до 10:00 часот.
За такси компаниите кои вршат такси превоз нема да бидат издавани посебни картички и такси возилата ќе бидат пропуштани во стариот дел на градот исклучиво само од влезот кај „Горна Порта“.
Се известуваат сопствениците на сместувачките капацитети дека гостите ќе може да влезат со своите возила во стариот дел на градот, само за да извршат истовар на патници и багаж. Доколку возилата бидат непрописно паркирани ќе бидат отстранети со асистенција на пајак службата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: ПРЕРЕГИСТРАЦИЈА НА ПОСТОЕЧКИТЕ КАРТИЧКИ ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ВОЗИЛА ВО СТАРИОТ ДЕЛ ОД ГРАДОТ