ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НАЦРТ СТУДИЈАТА ЗА РЕВАЛОРИЗАЦИЈА НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО
- јули 14, 2021
- 0
- Категорија:
Како дел од финалните активности за изработката на Студијата за ревалоризација на Охридското Езеро, денеска во Општина Охрид се одржа презентација на последната нацрт верзија на овој важен документ.
Студијата се изработува од страна на Меѓународната Унија за Заштита на Природа IUCN ECARO како дел од активностите за донесување на Законот за ре-прoгласување на Охридско Езеро како Споменик на природата.
На состанокот покрај претставниците на Меѓународната унија за заштита на природа (IUCN ECARO), Програмата на ООН за животна средина (UNEP), Министерството за животна средина и просторно планирање беа присутни и градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески, градоначаникот на Општина Струга, Размиз Мерко и градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески.
На состанокот се дискутираше за теми поврзани со предложените граници и зони на Охридското Езеро, дозволени и забранети активности, формирање на Управувачко тело, како и запознавање со постапката за ре-прогласување на Охридското Езеро во категоријата Споменик на природата.
Во процесот на изработка на Нацрт Студијата за ревалоризација на природните вредности на Охридското Езеро претходно била одржана Јавна консултација, како и низа состаноци со сите засегнати страни.