Во  САБОТА  17.07.2021 година, Општина Охрид  ќе врши градежни активности (завршен слој асфалт) на ул. „ Абас Емин “  – потег од пресек на улицата „ Абас Емин“  со Булевар „ Туристичка “ до пресек  на ул. „ Абас Емин “ со ул. „ Охридска Бригада“.

Улицата ќе биде целосно затворена за сообраќај поради непречено одвивање на градежните активности кои ќе ги изведува АД „Илинден “– Струга .

Се молат сите учесници во сообраќајот да се избегнува  овој дел  за сообраќај додека траат градежните активности  и да се отстранат паркираните возила.