ДОДЕЛЕНИ СУБВЕНЦИИ ПО ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ЧЕТИРИ КАТЕГОРИИ ТУРИСТИЧКИ ДЕЈНОСТИ
- август 5, 2021
- 0
Согласно одлуката на Комисијата за доделување на субвенции при Секторот за туризам и ЛЕР, донесена е одлука за доделување на вкупно 44 субвенции со вкупен износ од 220 000 денари.
Во категоријата за субвенционирање на граѓани за даватели на услуги на сместувачки капацитети од мал обем доделени се субвенции на 12 апликанти. За туристички водичи доделени се субвенции на 25 апликанти, за даватели на услуги во селски туризам доделена е субвенција на 1 апликант, а во категоријата на даватели на услуги поврзани со воден превоз и други рекреативни активности на вода доделени се субвенции на 6 апликанти.
Јавниот повик е согласно Г2 Програма за за поддршка на развој на туризмот во општина Охрид за 2021 година и Правилник за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на даватели на услуги во семестувачки капацитети од мал обем на општина Охрид, , Правилник за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на туристички водичи на општина Охрид, со Одлука на совет, Правилник за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на даватели на услуги во селски туризам и даватели на угостителски услуги во селски домаќинства на општина Охрид, Правилник за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на даватели на услуги поврзани со водениот превоз и други рекреативни активности на вода и плажа.