ЈОВАНА МАТЕВСКА АТАНАСОВА Е АВТОРОТ НА НАГРАДЕНИОТ РАСКАЗ НА КОНКУРСОТ ЗА НАЈДОБАР РАСКАЗ „ЖИВКО ЧИНГО“
- август 9, 2021
- 0
Јована Матевска Атанасова, романсиерка и рецензентка, е родена на 16.06.1991 година. По професија е дипломиран психолог. Добитник е на наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ за 2020 година. Во 2015 и 2016 година добила откупни награди на конкурсот за краток расказ на Нова Македонија. Покрај нив добитник е на повеќе награди на општински и регионални натпревари за кратки раскази. Нејзините раскази се застапени и во повеќејазични збирки „Бибер“ кои ги опфаќаат темите за помирување од војната, во појасот на бившите југословенски простори. Напишала два романи „Тамбовските снегови“ и „Писмата во библиотеката“. Во публикација е нејзината прва збирка со раскази, поддржана од Министерството за култура, „Гладоморје“.
Наградата ќе се додели на 13 август 2021 г. на традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.