ОПШТИНА ОХРИД ПОСЛЕДОВАТЕЛНО Е НА ПРВОТО МЕСТО ПО ИНДЕКСОТ НА ОТВОРЕНОСТ НА ОПШТИНИТЕ
- септември 24, 2021
- 0
Општина Охрид втора година последователно има најдобри резултати и се наоѓа на првото место во рамки на мерењето на Индексот на отвореност на општините за 2021 година како дел oд Проектот на УСАИД за граѓанско учество.
Целта на истражувањето, кое беше спроведено од страна на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ е проценка на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија.
Овој извештај нуди анализа на работата на единиците на локалната самоуправа во однос на принципите на транспарентност, свесност, пристапност и интегритет. Дополнително ЕЛС биле мониторирани според еден заеднички домен присутен во сите четири принципи, а тоа се отворените податоци. Врз основа на направената проценка дадени се препораки за подобрување на работењето на единиците на локалната самоуправа во областите кои се опфатени со истражувањето.
Општина Охрид има висок процент на исполнителност во сите четири принципи на отвореност.
Проценката на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија за 2021 година преку Индексот на отвореност можете да го погледнете на овој линк.