Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 34 од Статутот на Општина Охрид (Сл. гласник на Општина Охрид бр. 8/07 и 1/08), Градоначалникот на Општина Охрид објавува:

ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРEДЛОГ ИДЕИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС ВО ОБЛАСТА НА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2022 ГОДИНА

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Општина Охрид заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес, на Јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на Општина Охрид за 2022 година, ќе поддржи предлог идеи на здруженија на граѓани од областа на социјалната заштита. Предлог проектите да се однесуваат на активности од областа на социјалната заштита кои ќе бидат насочени кон директна помош и конкретни активности, со цел поквалитетна и потранспарентна постапка за изработка на програмата за социјална заштита за 2022 година.

 

ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ

  • Здруженија на граѓани, асоцијации и слично, кои работат во рамките  од областа на здравствената и социјалната заштита.

 

НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на предлог идеја, каде   детално ќе биде образложена идејата и ќе има финасиска рамка.

Предлог идеите за кои ќе бидат доделени финансиски средства, ќе се реализираат  во рамките на програмата за социјална заштита во текот на 2022 година.

Со пријавата може да се достават и други документи/материјали за дообјаснување на проектот, за кои учесникот на Јавниот повик цени дека е потребно да ги достави.

Нема да бидат разгледувани пријави: доставени по истекот на рокот на Јавниот повик, пријави доставени по електронска пошта, нецелосно пополнети и нецелосни предлог проекти без приложени документи кои задолжително се бараат. Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.

Пријавите со документите се доставуваат во затворен коверт на адреса: Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр. 57, 6000 Охрид со назнака за „Јавен повик за финансирање на предлог идеи од јавен интерес во областа на социјалната заштита на општина Охрид  за 2022 година“  лично во архивата на Општина Охрид.

Јавниот повик ќе трае 8( осум) дена од денот на објавувањето (до среда 24 Ноември до 13.00 часот).

 

КРИТЕРИУМИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ

За да се утврди дека програмите и проектите се од интерес на Општина Охрид, тие треба да исполнуваат најмалку еден од следниве општи критериуми:

  • да допринесат за побогат, поквалитетен и разновиден јавен живот на ниво на општината од областа на социјалната заштита;
  • иновативност, впечатливост и оригиналност на идејата;
  • воспоставување на соработка и партнерства во рамките на предложениот проект со една или повеќе јавни установи од општината, национални установи, граѓански организации, образовни, социјални и здравствени институции и други организации;
  • одбележување јубилејни настани и значајни датуми;
  • организирање на меѓународни манифестации што се одржуваат во Општина Охрид;
  • стимулирање и поддршка на разни партнерски меѓународни проекти;
  • потикнување на креативноста и подобрување на развојот на децата и младите и лицата со посебни потреби;
  • унапредување на животот на лицата со ретки болести и посебни потреби;
  • развој на спортските активности кај лицата со посебни потреби;
  • стимулирање и потикнување на здравјето на граѓаните;

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ЈАВНИОТ ПОВИК

Избраните проекти за финансирање ќе бидат составен дел од Програмата за социјална заштита.

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Дополнителни информации во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел. 046 262 492/262 493 (во Одделение за детска, здравствена и социјална заштита).