Со присуство на 22 советници, новоизбраниот Совет на Општина Охрид, денес ја одржа втората седница. На дневен ред беше точката за верификација на мандатот на советникот Нефи Усеини и формирање на повеќе комисии од делокругот на работа на советот.

Советниците го потврдија изборот на советникот Усеини,  а по кратка пауза за координација, едногласно ги избраа претседателите и членовите на комисиите.