На денешната седница на Советот на Општина Охрид како дел од дневниот ред  беа повеќе од 100 предмети за легализација.

 

– Започнуваме постапка заедно со опозицијата за брзо решавање на предметите за легализација. На денешната седница на Советот на Општина Охрид како дел од дневниот ред се над 100 предмети за легализација. Процесот за брзо решавање на предметите за легализација почнува со предметите за кои е потребна одлука на Советот на Општина Охрид. Предвидено е и формирање на посебен тим од Локалната самоуправа кој ќе ги контактира граѓаните за постапките на решавање на нивните предмети со цел нивно комплетирање и издавање на решенијата за легализација, истакна претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев.

 

Тој додаде дека точки за решавање на предметите за легализација ќе има и на наредните седници, за кои во интерес на граѓаните ќе бидат разгледувани и усвоени од страна на сите советници.

 

Точките од денешната седница на Советот на Општина Охрид кои се однесуваат на предметите за легализација беа поддржани од сите советници.