ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА БР.1 НА ДЕЛ ОД КП 2440/3 КО КОЊСКО – ОПШТИНА ОХРИД
- ноември 26, 2021
- 0
Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/14, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18) и Oдлуката за организирање јавна анкета и јавна презентација бр. 19-7435/3 од 24.11.2021 година, Градоначалникот на општина Охрид дава ,
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА на ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА БР.1 НА ДЕЛ ОД КП 2440/3 КО КОЊСКО – ОПШТИНА ОХРИД (ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ СО НАМЕНА А4-ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ), изработена од ДООЕЛ ,,Снегар Компани“ Охрид, со тех.бр. 06/16 од октомври 2021 година.
СЕ ОРГАНИЗИРА јавна анкета и јавна презентација на ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА БР.1 НА ДЕЛ ОД КП 2440/3 КО КОЊСКО – ОПШТИНА ОХРИД (ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ СО НАМЕНА А4-ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ), изработена од ДООЕЛ ,,Снегар Компани“ Охрид, со тех.бр. 06/16 од октомври 2021 година.
- Проектниот опфат зафаќа дел од КП 2440/3 КО Коњско, општина Охрид, со вкупна површина од 3563,66 м2.
- Јавната анкета ќе трае од 01.12.2021 – 07.12.2021 год.
- Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 03.12.2021 год. со почеток во 12.00 часот, со почитување на covid-19 протоколите.
- Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица, планската документација ќе биде истакната во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци.
- Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 13 до 15 часот во просториите на општина Охрид.
- Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, можат да ги доставуваат на анкетни листови до општина Охрид , преку архивата на општината.