Проектот на Општина Охрид: “Roads Not Taken: Municipality of Ohrid Going Green, Smart, Innovative (OHRID GO), објавува јавен повик насловен како: ROADS NOT TAKEN # PC1- 1.1.1. , за ангажирање на лице за работа на истиот на следнава административна позиција:

 

  1. Позиција бр. 1.- 1.1.1. Проектен асистент – потребно е едно лице кое ќе биде ангажирано за период од 28 месеци со  половина работно време.

 

Основни информации за проектот:

 

Општина Охрид како добитник на проектот по првиот повик на Годишниот ИПА II – ЕУ за општини- “Подобрување на услугите на локалната самоуправа преку иновативни концепти”, под наслов:” “Roads Not Taken: Municipality of Ohrid Going Green, Smart, Innovative (OHRID GO)”, како лидерски и прв партнер соработува со следниве партнери:

  • Општина Воден;
  • Друштво за интелигентни дигитални решенија, консалтинг и услуги „Стелар Солушнс“ ДООЕЛ, Скопје.

Имплементацијата на проектот започна на 01 декември 2021 година, a се очекува да заврши во рок од 30 месеци.

Работниот план на проектот се заснова врз следните цели:

  • Намалување на количината на јаглерод диоксид кој се ослободува од транспортот преку создавање на потребните предуслови за позелена урбана мобилност со воспоставување (проширлив) Smart City Bike System;
  • Диверзификација на локалната туристичка понуда со воведување зелени рекреативни содржини како што се Адреналински парк и Pump- track како сигурно и забавно решение за повеќето стaросни групи) како и заеднички паметни маркетинг алатки во функција на  зелен алтернативен туризам;
  • Насочување на фокусот на локалната економија кон основите базирани врз знаењето и фактите, а локалната политика да се креира со инклузивен пристап  на општествените иновации преку воспоставување и водење на  така-наречен Центар за паметни идеи (Smart Ideas Hub) кои ќе ги мобилизираат и личните профили и ресурси преку што би се обезбедил одржлив развој.

Проектот ќе придонесе за подобрување на состојбата со која е засегнато локалното население, во смисла на сообраќаен метеж, загадувањето на воздухот, преполните урбани локации, недостатокот на квалитетни работни места за младите, недостатокот на разновидни слободни активности кои нудат иновативни, паметни и универзално достапни решенија за горенаведените проблеми. Крајната целна група се (младите) претприемачи. Младите кои се заинтересирани да основаат сопствен бизниси во услужната економија директно ќе имаат корист од Центарот за паметни идеи (Smart Ideas Hub) кој ќе биде достапен за соработка, регистрација на бизниси и ќе обезбедува обуки, центарот ќе биде и соодветно место за собирање млади луѓе. Конечниот краен бенифит од проектот им припаѓа на граѓаните. Граѓаните ќе имаат корист од имплементацијата на иновативни решенија кои се справуваат со развојните проблеми и создаваат предуслови за одржлив развој заснован на економија базирана на знаење. Социјалните и политичките иновации се најдоброто средство преку кое  се приближуваме до поразвиените земји со што неизбежно се генерира одржлив развој.

 

Повеќе детали за Јавниот повик во приложените документи:

 

ЈАВЕН ПОВИК- ПРОЕКТ OHRID GO – ROADS NOT TAKEN # PC1- 1.1.1