СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ГИЗ
- декември 13, 2021
- 0
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска оствари работна средба со Марк Барет и Јован Гавриловски од Германската организација за меѓународен развој (ГИЗ). На состанокот се разгледуваа можностите за меѓусебна соработка и реализација на проекти.
Средбата се оствари во контекст на новиот проект “OHRID GО”, кој го имплементира општина Охрид, а е финансиран од програмата “EU for municipalities”. Една од активностите на проектот е формирање на Старт ап центар.
Се разговараше за можноста за соработка при функионирањето на овој центар како и можностите за негово проширување во Акцелератор.
Дополнително беше разговарано за воведување на нови форми на поддршка преку обуки, менторства и директна помош на новоформираните стартапи, како и грантови за приватни компании.
На средбата градоначалникот Пецаков беше информиран и за Проектот „ЕУ за економски раст (EU4G)“ кој има за цел зголемување на локалната економска активност и конкурентност во 4 целни области: Североисточен, Полошки и Југозападен плански регион и област Преспа (Општина Ресен) преку подобрување на пристапот до финансирање и напредни бизнис услуги со додадена вредност за старт -апи и ММСП.
ГИЗ поддржува проекти кои се насочени кон поттикнување на регионалната соработка и интеграција во регионот на Западен Балкан.