МАПИРАНИ НОВИ ДИВИ ДЕПОНИИ
- јануари 11, 2022
- 0
- Категорија:
Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве мапираа локации со диви депонии каде несовесни граѓани несоодветно депонирале градежен шут и други материјали од реновирање на своите објекти.
Интервенирано е во с. Велгошти каде е расчистена дива депонија во близина на ОУ „Живко Чинго“, а во населба Свети Стефан подигнат е расфрлан градежен шут во непосредна близина на контејнерите.