ДОДЕЛЕНИ ХУМАНИТАРНИ ПАКЕТИ НА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ СЕМЕЈСТВА
- јануари 18, 2022
- 0
Во пресрет на големиот христијански празник Богојавление – Водици, градоначалникот Кирил Пецаков и претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев, доделија хуманитарни пакети на социјално ранливи семејства.
Градоначалникот и претседателот на присутните им го честитаа празникот посакувајќи им добро здравје и подобра иднина за нив и нивните семејства.
Акцијата за доделување на хуманитарни пакети во пресрет на празникот Богојавление – Водици, се организира традиционално секоја година.