ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА РАСПРАВА ПО НАЦРТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕТО НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО ОПШТИНА ОХРИД 2020-2025 ГОД
- февруари 15, 2022
- 0
Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бр. 53/05,81/05,24/07,159/08,83/09,48/10, 51/11, 123/12 и 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 , 39/16 и 99/18) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Службен весник на Р.М. бр. 147/08), Градоначалникот на Општина Охрид
О Р Г А Н И З И Р А
- Јавна презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Стратегија за развој на туризмот во Општина Охрид 2020-2025год. Се информира јавноста дека ставен е на увид и јавна расправа Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Стратегија за развој на туризмот во Општина Охрид 2020-2025год.
- Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Одделението за заштита и влијание врз животната средина во Општина Охрид секој работен ден од 7:30 – 15:30 часот почнувајќи од 15.02.2022 год. до 16.03.2022 год.
- Јавната презентација и јавната расправа ќе се одржи на ден 09.03.2022г.во големата сала на Општина Охрид,со почеток во 13:30 часот со задолжително носење маски и пропишана дистанца согласно протоколите за заштита од Ковид 19.Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација
- Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење,забелешки и предлози по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќате на е_маил : zivotnasredina@ohrid.gov.mk , или по пошта на следната адреса: Општина Охрид , ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид.