ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИК ОД ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ КАКО НАБЉУДУВАЧ ВО КОМИСИЈАТА ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИТЕ НА RELOAD 2 ПРОЕКТОТ ВО ОПШТИНА ОХРИД
- февруари 17, 2022
- 0
Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2) е продолжение на првата фаза од проектот која се спроведе во периодот (2017-2020). Проектот е финансиран од Европската унија (ЕУ) а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Основна цела на ReLOaD2 е јакнење на партнерствата меѓу општинските власти и граѓанското општество преку транспарентно финансирање на проекти на граѓански организации од општинските буџети со цел поголемо граѓанско учество и учество на младите во носењето одлуки и подобрена испорака на услуги за граѓаните на општина Охрид. Проектот ReLOaD 2 работи со осум партнерски општини: Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Крива Паланка, Кочани, Куманово и Охрид на усвојување на транспарентен пристап за финансирање на проекти на граѓанските организации, со кој ќе се поттикне поголема граѓанска вклученост и вклученост на младите во процесот на донесување одлуки и ќе се подобрат услугите што се обезбедуваат на локално ниво.