ПРИВРШУВА РОКОТ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ АПЛИКАЦИИ ЗА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА RELOAD2
- март 2, 2022
- 0
Општина Охрид ги потсетува сите заинтересирани Граѓански организации дека во петок (04.03.2022) истекува рокот за доставување апликации за Јавниот повик за поднесување предлог проекти во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2) која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува програмата за развој на Обединети нации (УНДП).
Проектот ќе трае до декември 2024 година и има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество и младите за нивно активно учество во процесот на денесување одлуки.
Во проектот ReLOaD2 се вклучени 8 општини: Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Крива Паланка, Кочани, Куманово и Охрид.