НАДЛЕЖНОСТИ НА ОПШТИНАТА
Општината е надлежна за вршење на следните работи:
- Урбанистичко (урбано и рурално) планирање, издавање на одобрение за градење објекти од локално значење утврдени со Законот, уредување на просторот и уредување на градежното земјиште;
- Заштита на животната средина и природата – мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, заштита на природата, заштита од бучава и нејонизирачко зрачење;
- Локален економски развој- планирање на локалниот економски развој, утврдување на развојните и структурните приоритети, водење економска локална политика, поддршка на развојот на малите и средните претпријатија и на претприемништвото на локално ниво и во тој контекст учество во воспоставувањето и развојот на локалната мрежа на институции, агенции и промовирање на партнерство;
- Комунални дејности – снабдување со вода за пиење; испорака на технолошката вода; одведување и пречистување на отпадните води; јавно осветлување; одведување и третман на атмосферските води; одржување на јавната чистота; собирање, транспортирање и постапување со комуналниот цврст и технолошки отпад; уредување и организирање на јавниот локален превоз на патници; снабдување со природен гас и топлинска енергија; одржување на гробовите, гробиштата, крематориумите и давање погребални услуги; изградба, одржување, реконструкција и заштита на локалните патишта, улици и други инфраструктурни објекти; регулирање на режимот на сообраќајот; изградба и одржување на уличната сообраќајна сигнализација; изградба и одржување на јавниот простор за паркирање; отстранување на непрописно паркирани возила; отстранување на хаварисани возила од јавните површини; изградба и одржување на пазарите; чистење на оџаците; одржување и користење на парковите и зеленилото; парк-шумите и рекреативните површини; регулацијата, одржувањето и користењето на речните корита во урбанизираните делови; определување имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти;
- Култура – институционална и финансиска поддршка на културните установи и проекти; негување на фолклорот, обичаите, старите занаети и сл. културни вредности; организирање културни манифестации; поттикнување на разновидни специфични форми на творештво;
- Спорт и рекреација – развој на масовниот спорт и рекреативните активности; организирање спортски приредби и манифестации; одржување и изградба на објекти за спорт; поддршка на спортските сојузи;
- Социјална заштита и заштита на децата – детски градинки и домови за стари (сопственост, финансирање, инвестиции и одржување); остварување социјална грижа за инвалидните лица; деца без родители и родителска грижа; деца со воспитно-социјални проблеми; деца со посебни потреби; деца од едно- родителски семејства; деца на улица; лица изложени на социјален ризик; лица засегнати со злоупотреба на дрога и алкохол; подигање на свеста на населението; домување на лица со социјален ризик; остварување право и восипитување на децата од предучилишна возраст. Вршењето на овие надлежности се во согласност со Националната програма за развој на социјалната заштита;
- Образование – основање, финансирање и администрирање на основни и средни училишта во соработка со централната власт, во согласност со законот; организирање превоз и исхрана на ученици и нивно сместување во ученички домови;
- Здравствена заштита – управување со мрежата на јавни здравствени организации и објекти од примарната здравствена заштита кои треба да вклучат застапеност на локалната самоуправа во сите одбори на сите здравствени организации во јавна сопственост; здравствено воспитување; унапредување на здравјето; превентивни активности; заштита на здравјето на работниците и заштита при работа; здравствен надзор над животната средина; надзор над заразните болести; помош на пациенти со социјални потреби (на ментално здравје, злоупотреба на деца итн.) и други области кои ќе бидат утврдени со закон;
- Спроведување на подготовки и преземање мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра од воени разурнувања, природни непогоди и други несреќи и од последиците предизвикани од нив;
- Противпожарна заштита што ја вршат територијалните противпожарни единици;
- Надзор над вршењето на работите од нејзината надлежност и
- Други работи определени со закон.
-
- Надлежностите од став 1 на овој член се извршуваат согласно со стандардите и постапките утврдени со закон.
- Со закон се утврдуваат работите од надлежност на Општината кои таа задолжително ги врши.