ОДЕЛЕНИЕ ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ
Одделението за односи со јавност ги врши работите што се однесуваат на:
- организирање на прес-конференциите, брифинзите и интервјуата за медуимите со Градоначалникот и раководителите од администрацијата на Општината;
- подготвување на соопштенијата за јавноста;
- следење на доставувањето на информациите од одделните сектори во општинската администрација, Советот на Општината, јавните претпријатија и другите јавни установи и служби основани од општината и доставува барања за информации што треба да се пласираат до медиумите до раководителите на секторите во општинската администрација, Советот на Општината, јавните претпријатија и другите јавни установи и служби основани од општината;
- остварување редовна соработка и размена на информации со службите или вработените надлежни за односи со јавноста во јавните претпријатија и јавните установи основани од општината;
- давање писмени одговори на прашањата од новинарите поставени преку отворената линија за новинари;
- анализирање на односот на одделните медиуми кон покривањето на настаните и пласирањето на информациите за работата на општината и предлагање активности и мерки за унапредување на имиџот на општината;
- предлагање мерки и активности за унапредување на транспарентноста на работењето на општината, подготвување или координирање на подготвувањето на одговорите на прашањата на граѓаните доставени преку отворената телефонска линија за граѓаните;
- организирање и дефинирање на информациите за веб-страницата на Општината;
- организирање на спроведувањето на анкети и организирање на јавните трибини при изготвување одделни прописи и стратешки и развојни документи на Општината, како и анкетите за мерење на ставот на граѓаните за определени прашања и проблеми во Општината;
- континуирано следење на законските прописи и другите општи акти од областа на локалната самоуправа;
- врши и други работи што ќе му бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи.
Контакт:
Телефон: (046) 262492 / (046) 262493 лок. 107
E-mail: odnosisojavnost@ohrid.gov.mk