ИЗМЕНА НА ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ОПШТИНСКИ ЛИНИСКИ ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ОХРИД
- мај 10, 2022
- 0
Поради утврден пропуст во точка 2, став 6 од објавениот јавен повик за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Охрид, се врши негова измена и дополнување односно покрај обврската за достава на потврда за подмирени даноци и такси за 2020 и 2021 година се воведува и обврската за достава на потврда за уплатен надоместок за користење на автобуски постојки кој произлегува од секој склучен договор за вршење на линиски превоз.
Заради горенаведената измена, рокот за доставување на барањата за субвенционирање се пролонгира за 15 дена.
Во се останато, останува во важност објавениот јавен повик за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Охрид, објавен на општинската веб страна на 29.04.2022 година.