ОТВОРЕН ДЕН ВО ОЕМУЦ „СВ. НАУМ ОХРИДСКИ“
- мај 27, 2022
- 0
Претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев и советникот Наум Јамандиев присуствуваа на Отворениот ден што денес се организираше во Општинскиот Електро Машински Училишен Центар „Св. Наум Охридски“-Охрид.
На настанот се изврши презентација на струките и профилите за упис на ученици во прва година. Се промовира дуалниот начин на образование и соработката со партнер компаниите: „Костал“, „Магна“, „ОДВ – Електрик“ и „Леарница“ кои имаа изложено свои штандови.
На отворениот ден во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ присуствуваше и министерот за образование и наука Јетон Шаќири и ученици од останатите училишта во градов.