Деновиве, започна реконструкција на Градскиот базен „Атина Бојаџи“. Согласно проектот се изврши расчистување и уредување на целиот простор на Градскиот базен. Со проектот предвидено е да се изврши подготовка, односно пескарење на површините пред нанесување на заштитна обвивка. Понатака следува премачквање со специјализирана боја за оваа намена во два слоја. Трибините кај големиот базен кои се уништени ќе бидат санирани и оспособени за користење.
Просторот околу малиот и големиот базен дополнително ќе биде хортикултурно уреден, а ќе бидат поставени и клупи и чадори. Во наредниот период продолжува инвестирањето во спортската инфраструктура во СРЦ „Билјанини извори“.