ОДРЖАНА КОНФЕРЕНЦИЈАТА „ГРАДИМЕ МОСТОВИ КОН ЗАЕДНИЧКА ИДНИНА ОД СОСЕДИ КОН СТРАТЕШКИ ПАРТНЕРИ“
- јули 3, 2022
- 0
Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков денеска во Општина Охрид ги прими и им се обрати на учесниците на конференцијата „Градиме мостови кон заедничка иднина: од соседи кон стратешки партнери“ што изминативе неколку денови се одржуваше во Охрид во организација на фондацијата „Конрад Аденауер“ , а со поддршка на Општина Охрид и Центарот за европски студии „Филфрид Мартенс“ од Брисел.
Учесниците на конференцијата беа млади, талентирани, општествено одговорни лица кои дискутираа и разменуваа искуства на теми од заеднички интерес: Регионални предизвици од влијание на надворешни актери; Дезинформации односно справување со лажни вести; Важност од целосна евро- интеграција на земјите од регионот во насока на обезбедување регионална стабилност.
Градоначалникот Пецаков објасни зошто е потребно одржување настани од таков тип.
– Ми причинува особено задоволство, што денес сум меѓу Вас и имам можност да ги поздравам младите, талентирани и општествено активни луѓе, стипeндисти на фондацијата „Конрад Аденауер“ кои учествуваа на конференцијата „Градиме мостови кон заедничка иднина: од соседи кон стратешки партнери“ што деновиве се одржуваше во Охрид. Ме радува фактот што младите дискутираа и разменуваа искуства на теми кои се од заеднички интерес, како регионални предизвици од влијание на надворешни актери, дезинформации односно справување со лажни вести, како и важноста од целосна евро- интеграција на земјите од регионот во насока на обезбедување регионална стабилност. Ваквите средби се доказ дека и покрај одредени политички прашања, научните и образование достигнувања не познаваат граници и ги рушат сите бариери. Младите се тие на кои иднината и Светот остануваат и вакви средби се од големо значење во надминување на различностите и градење Европска иднина. Јас се надевам дека прошетавте и ги видовте убавините на Охрид, градот кој заедно со Охридското Езеро како ретко и светски важно културно наследство е под заштита на УНЕСКО. Овде, во Охрид , на секој чекор може да се почувствува чудесниот спој на остатоците на цивилизациите и природните реткости, амбиент кој континуирано опстојува 7 илјади години. Тука ве поздравувам и се надевам дека ќе има и наредни убави поводи повторно да дојдете и да бидете гости во нашиот убав Охрид—рече градоначалникот Пецаков.
На настанот се обрати и директорот на Фондацијата „Конрад Аденауер “во Македонија, Даниел Браун.
Учесниците на конференцијата се стипендисти на фондацијата, а предавачи беа докажани експерти во релевантните области.