АПЕЛ ДО МЕШТАНИТЕ И ПОСЕТИТЕЛИТЕ ВО ЉУБАНИШТА ДА ГО ФРЛААТ ОТПАДОТ НА СООДВЕТНО МЕСТО
- јули 21, 2022
- 0
- Категорија:
Општина Охрид упатува апел до мештаните и туристите во село Љубаништа во иднина да поводат поголема грижа за јавната чистота и повеќе да не го фрлаат комуналниот отпад на јавни површини и со тоа да прават диви мини депонии. Отпадот да го фрлаат во контејнерите кои уредно се поставени на површина предвидена за таа намена,а чиј број периодов е зголемен од два на пет. Во спротивно, доколку надлежните инспекциски служби и во иднина утврдат фрлање отпад на несоодветно место сторителите ќе бидат казнети согласно Законот.
Од фотографиите на надлежните инспектори може да се констатира човечката некултура, празни контејнери и направени мини депонии околу нив од месното население и гостите во селото Љубаништа.