НОВА ВОДОВОДНА ЛИНИЈА НА УЛИЦА „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“
- август 17, 2022
- 0
Екипи на ЈП „Водовод“ започнаа активности за реконструкција на старата и поставување на нова водоводна линија на улицата „Ѓорче Петров”.
Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува комбиниран цевковод од полиетиленски материјал, со профили: Ф 110 мм во должина од 330 метри; Ф 90 мм во должина од 80 метри и Ф 63 мм во должина од 70 метри.
Средствата за реализација на проектот се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.