Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:

 

Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА СЕДУМНАЕСЕТАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

 

ЈА СВИКУВАМ седумнаесетата седница на Советот на општина Охрид на ден 07.10.2022 година ( петок ) со почеток во 09:00 часот.

 Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. 

За седницата го предлагам следниот:

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

Усвојување на Записникот од 10-та седница, Записникот од 13-та седница и Записникот од 15-та седница

 

  1. Предлог-заклучок за усвојување на Информацијата за материјалното и финансиското работење на ЈП„Водовод“ Охрид со осврт на трошоците за електрична енергија за период 2020 – 2022 година.
  2. Иницијатива за изработка на физибилити студија за производство и продажба на електрична енергија.
  3. Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма на општина Охрид за здравствена и социјална заштита за 2022 година (Т1).
  4. Предлог-програма за измени и дополнувања на развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното  образование 2022-2024 година (НА).
  5. Предлог-одлука за проширување на средствата на буџетот на општина Охрид за 2022 година.
  6. Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Охрид за 2022 година.
  7. Предлог-одлука за субвенционирање на трошоци за потрошена електрична енергија на ЈП„Водовод“ Охрид.
  8. Предлог-одлука за давање согласност на правилникот за субвенционирање (начинот и видот) на туристичката такса на вршителите на угостителска дејност.
  9. Предлог – Одлука за отстапување простор на времено користење
  10. Предлог-одлука за давање согласност на годишен план за вработување на ЈП Градски Пазар Охрид за 2023 година. 
  11. Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за утврдување вредност на бодот за пресметување плати на вработените во ЈП Градски Пазар.
  12. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 1329 КО Љубаништа.
  13. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 1649 КО Пештани.
  14. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 1982/1  КО Лескоец.
  15. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 92/2 и 91/1 КО Лескоец.
  16. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 145  КО Лескоец.
  17. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект бр. 10 и 20 на Кп.бр.869/1  КО Охрид 4.
  18. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект бр. 12 на Кп.бр. 869/1 КО Охрид 4.
  19. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект бр. 31 на Кп.бр. 869/1 КО Охрид 4.
  20. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект бр. 37 и 38 на Кп.бр.869/1 КО Охрид 4.
  21. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект бр. 1 на Кп.бр. 869/1 и  869/2 КО Охрид 4.
  22. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 1638 и 1636 КО Лескоец.
  23. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 1949, 1952, 1947, 2194 и 1950 КО Опеница.
  24. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.2013 и 2012/6 КО Лескоец.
  25. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 2368/1  КО Лескоец.
  26. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на земјиштето на Кп.бр.17  КО Велестово.
  27. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на земјиштето на Кп.бр. 3826/1 КО Охрид 4.

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Сашо Донев