ПОКАНА ЗА ЈАВНА ДЕБАТАЗА ДЕФИНИРАЊЕ ПРИОРИТЕТИ ПРЕД ОБЈАВУВАЊЕ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ
- октомври 13, 2022
- 0
Општина Охрид е дел од проектот “Регионална програма за локална демократија на Западен Балкан“(ReLOaD2). Учеството во проектот е потврдено со потпишување на Меморандум за разбирање со Програмата за развој на Обединетите нации(УНДП).
Распределбата на јавните финансии представува сериозна задача за секоја јавна администрација или управен орган. Соодветната распределба на јавните финансии ги потврдува добрите намери на институциите за одговорно управување со јавното трошење. Целта на оваа активност е правилна распределба на буџетски средства, особено средства од општинските буџети, со цел да се овозможи покорисно и потранспарентно префрлање на средства до граѓанските организации.
Методолошкиот пристап за транспарентна распределба на средства наменети за организациите на граѓанското општество е изработен заради потребата од единствени алатки кои може првенствено да ги користат општините за распределба на сопствените буџетски ресурси.
Овај пристап подразбира објавување на јавен и транспарентен повик за сите граѓански организации кои треба да поднесат предлог проекти во дадена област. Проектите потоа се отценуваат од страна на комисија и на крај се финансираат од општинскиот буџет. Транспарентниот и конкурентен процес за избор на проектите на граѓанските организации придонесува за обезбедување подобри услуги и конкретни резултати за локалното население.
Дефинирањето на приоритетите за јавниот повик представува клучна задача во овој период пред објавување на јавниот повик. Во прилог следуваат предлог приоритети кои заедно со Вас ќе ги дефинираме на средбата.
1.Младински активизам и партиципација
1.1 Активности за спречување на врсничко насилство и реализација на активности за превенција и спречување за сите видови наскилство.
1.2 Активности за поддршка на младите во руралните средини.
1.3 Поддршка на младите, младинска партиципација и младински активизам.
1.4 Поддршка на проекти и активности за подобрување на менталното здравје кај младите.
2.Родова еднаквост, економска и социјална инклузија
2.1 Активности за зголемување на вештините и знаењата на жените и ранливите групи во руралните средини со цел подобрување на нивната економска состојба.
2.2 Поддршка на проекти и активности за развој, поттикнување и промоција на земјоделкото производство, како и активности и едукација за одгледување органско производство.
2.3 Реализација на проекти и активности за социјална инклузија на ранливите категории на граѓани, особено на лицата со попреченост и деца со потешкотии во развојот со цел подобрување на квалитетот на живот.
2.4 Реализација на проекти и активности за заштита и поддршка на на жртви од семејно насилство.
3.Туризам, заштита на животната средина и култура
3.1 Поддршка на активности за унапредување и заштита на животната средина.
3.2 Проекти за подигнување на еколошката свест и зачувување на природното наследство и биодиверзитет.
3.3 Поддршка на проектни активности за развој и промоција на туризмот, културата и културно историското наследство во Општина Охрид.
3.4 Развој на алтернативниот и селскиот туризам како можност за подобрување на економската состојба на ранливите категории, пред се на жените и младите во руралните средини.
Јавната дебата , за дефинирање приоритети ,ќе се оддржи во Понеделник(17-октомври) во Голема сала на Општина Охрид со почеток во 13 часот.