УКРАДЕНИ И ОШТЕТЕНИ ДРВА КАЈ ПАТЕКАТА КОН ГОРИЦА
- февруари 6, 2023
- 0
- Категорија:
Општина Охрид најостро го осудува чинот на крадење и кршење млади дрва на просторот од Скејт Паркот до хотелот „Инекс“ – Горица. Вандалскиот чин го констатираа надлежните служби на локалната власт кои деновиве беа на увид при што беше констатирано дека од 123 –те засадени стебла од видот врба и даб на овој потег , три дабови дрвца се украдени, а четири скршени.
Младите стебла беа засадени во месец декември минатата година и беа предвидени со проектот на Светска Банка за реконструкција на улицата „Македонски Просветители“. Согласно проектот за едно пресечено дрво требаше да се засадат три нови. Од вкупно 219-те стебла, 96 се засадија на реконструираната улица, а останатите 123 на потегот од Скејт паркот до „Инекс“- Горица.