ОПШТИНА ОХРИД ДОДЕЛИ ФИНАНСИСКА ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ОД КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА И РЕПУБЛИКА СИРИЈА
- февруари 7, 2023
- 0
На вонредна седница која се одржа денеска Советот на Општина Охрид донесе одлука за доделување на финансиска помош за настраданите од катастрофалниот земјотрес кој се случи вчера на 06.02.2023 година во Република Турција и Република Сирија.
За таа намена од општинскиот буџет се обезбедени средства во вкупен износ од 600.000 денари, од кои 300.000 денари се наменети за настраданите во Република Турција и 300.000 денари се наменети за настраданите во Република Сирија.
Одлуката за издвојување средства за помош на настраданите беше донесена едногласно, а советниците изразија жалење за изгубените животи со едноминутно молчење.