ПРЕЗЕНТИРАНИ ПРАВИЛНИКОТ И КАТАЛОГОТ ЗА СТАНДАРДИЗАЦИЈА И ВИЗУЕЛНА УНИФИКАЦИЈА НА УРБАНАТА ОПРЕМА ВО СТАРИОТ ДЕЛ НА ОХРИД
- февруари 21, 2023
- 0
Денеска во Општина Охрид се одржа презентација на Правилникот и каталогот за стандардизација и визуелна унификација на урбаната опрема на локациите кои беа опфатени со Анализата на визуелното оптеретување на градот Охрид.
На презентацијата присуствуваа сопственици на угостителски објекти, занаетчии, сместувачки капацитети, трговци, туристички работници и останати субјекти кои ја обавуваат својата дејност во стариот дел на градот и охридската чаршија.
Со Правилникот и каталогот за стандардизација и визуелна унификација на локациите се пропишуваат видот, типот, категориите и карактеристиките на стандардизирана и визуелно унифицирана урбана текстура, урбан мобилијар и утилитарни објекти. Во документот се определени типолошките серии на опрема, материјали за изработка, начин на поставување и дизајн со карактеристики на обликувана унификација на урбана опрема за јавни површини на територијата на градот Охрид.
Просторниот опфат на примена на овој правилник се однесува на територијата која беше опфатена со Анализата и елаборатот за визуелно оптеретување на градот Охрид од 2019/2020 година:
- Плоштадот пред црквата „Св.Софија“,
- ул.„Коста Абраш“ и „Цар Самоил“,
- Плоштадот „Св.Климент Охридски“,
- Чаршијата долж ул. „Св Климент Охридски“,
- Плоштадот „Крушевска Република“, продолжението до булевар „Туристичка“ и дел од чаршијата до пресекот со ул. „Гоце Делчев“.
Правилникот и каталогот за стандардизација и визуелна унификација на урбаната опрема на локациите е усвоен од страна на Советот на Општина Охрид и е објавен во Службен гласник на Општина Охрид број 13 од 2022 година (стр. 389).
Правилникот и каталогот се подготвени и се усвоени врз основа на одредбите од Законот за градење, Законот за просторно и урбанистичко планирање, Законот за заштита на културно наследство, Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење.