ВО САБОТА ГОЛЕМА ЕКОЛОШКА АКЦИЈА „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“
- мај 11, 2023
- 0
Во организација на компанијата „Мен енд маунтен“, а со поддршка на пивара Скопје, Пакомак и Нула Отпад, на 13.05.2023 год ( сабота ) со почеток во 09 часот, ќе се одржи „Генералка Викенд“ во повеќе општини во државата.
Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина и природата.
Општина Охрид и ЈП„Охридки Комуналец“ Охрид, се приклучуваат на aкцијата со чистење на плажите Грашница, Горица и Св.Стефан. Во акцијата ќе земат учество и здружението „Брег на Младоста и Kостал Македонија Дооел.
Општина Охрид ги повикува сите заинтересирани граѓани да земат учество во акцијата.