Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:

 

Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ДВАЕСЕТ И ОСМАТА СЕДНИЦА  НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

 

ЈА СВИКУВАМ дваесет и осмата седница на Советот на општина Охрид на ден 08.06.2023 година ( четврток ) со почеток во 09:00 часот.

Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. 

За седницата го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

Усвојување на Записникот од 25-та седница и Записникот од 26-та седница

    1. Предлог-Програма за измени на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2023 година.
    2. Предлог-Програма за измени на програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2023 година.
    3. Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за финасиските потреби на ТППЕ Охрид за 2023 година.
    4. Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за заштита на животната средина и природата за 2023 година.
    5. Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2023 година.
    6. Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за спорт и рекреација за 2023 година.
    7. Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2023 година.
    8. Предлог-Програма за измени и дополнувања на развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2023-2025 година (НА).
    9. Предлог-Програма за измени и дополнувања на развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2023-2025 година (НБ).
    10. Предлог-Програма за измени и дополнувања на годишната програма на општина Охрид за здравствена и социјална заштита за 2023 година (Т1).
    11. Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за енергетска ефикасност за 2023 година.
    12. Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за уредување на градежно земјиште за 2023 година.
    13. Предлог-Програма за измени на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2023 – 2025 година.
    14. Предлог-Програма за дополнување на програмата за урбана опрема – изградба и одржување за 2023 година.
    15. Предлог-одлука за изменување и дополнување на буџетот на ЕЛС Охрид за 2023 година.
    16. Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2023 година.

 

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Сашо Донев