РЕАЛИЗИРАН ПРОЕКТОТ „МАЛА НОЌНА МУЗИКА“
- јуни 5, 2023
- 0
Општина Охрид беше вклучена од реализацијата на проектот ,,Мала ноќна музика” чиј носител е збратимениот град Крагуевац од Србија. Покрај Охрид, партнери на проектот беа и градовите Бар, Црна Гора и Фоча, Босна и Херцеговина.
Како дел од активностите на проектот, во периодот од 2-ри до 5-ти јуни 2023 година, во Крагуевац, се одржаа работилници за Менаџмент во културата и двe концертни вечери, на кои настапија млади музичари од градовите учесници.
Во името на Охрид, во рамки на втората концертна вечер настапија младите охридски флејтисти м-р Даниела Петкоска, Светлана Богданоска Ристоски, Моника Стојкоска и Ана Матеска.
Целта на проектот е продлабочување на пријателството помеѓу збратимените градови. Проектот е финансиран од Фондот за Западен Балкан, Општина Охрид, Општина Крагуевац и музичкиот центар од Крагуевац. Во проектот беа вклучени и Младинскиот центар од Охрид, Културолошката иницијатива „5 до 12“ и здружението „Ахрид“ од Охрид.