ВО ОХРИД СЕ ОДРЖА ДИСКУСИЈА ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ
- јуни 23, 2023
- 0
Градоначалникот Кирил Пецаков денеска се вклучи на дискусијата за зајакнување на Локалниот младински совет, која се одржа во Младинскиот центар во Охрид, како дел од проектот „Од ЕУ за Вас: Опремување на локалните младински совети со најдобрите европски практики #TeamEurope“. Дискусијата ја организираше Центарот за меѓукултурен дијалог (CID) и Амбасадата на Хрватска во Република Македонија.
На дискусијата присуствуваше амбасадорката на Република Хрватска во Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ, која со младите охриѓани разговараше за перспективите на локалната младина и сите потреби и предизвици, како и за начинот на делување на Локалниот младински совет во Охрид.
По завршување на официјалниот дел на настанот, градоначалникот Пецаков оствари средба со амбасадорката Тигањ на која се разговараше за можноста за воспоставување на соработка на Охрид и градот Дубровник, како и за неколку заеднички теми и проекти од заеднички интерес на двата града.