ОПШТИНА ОХРИД ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ЗДРУЖИ СЕ ЗА ЗАЕДНИЦАТА“
- август 24, 2023
- 0
Општина Охрид е дел од проектот на УСАИД „Здружи се за заедницата“ кој го имплементира Здружението „Конект“ во соработка со фондација „Аполонија“, „Индиго“ и ЕВН.
Во рамките на проектот, првично ќе бидат идентификувани граѓански организации кои имаат потенцијал да служат како „јадра“ за граѓаните да може да се вклучат активно во идентификување на проблемите и потребите на локалните заедници и да воспостават партнерства меѓу граѓанските организации, приватниот сектор и општините со цел да се искористат сите локални ресурси во подобрувањето на живеењето во општините.
Освен локалните акциски јадра, на општините ќе им се обезбеди платформа за граѓанско учество „Комунити“ која овозможува директна комуникација меѓу граѓаните и општините околу решавањето на идентификуваните приоритети на заедницата. Целта е да се зајакне и олесни собирањето средства од локални донатори за овие иницијативи на инклузивен, ефективен и одржлив начин.
Покрај Охрид, во првата фаза од проектот ќе бидат вклучени и општините Гевгелија, Гостивар, Струмица, Чаир и Шуто Оризари.