ОДБЕЛЕЖАНИ 14 ГОДИНИ ОД НЕСРЕЌАТА НА БРОДОТ „ИЛИНДЕН“
- септември 5, 2023
- 0
Делегација на Општина Охрид денеска положи свежо цвеќе на спомен обележјето „Солза на Роза“, по повод 14 години од несреќата на бродот „Илинден“ во која загинаа 15 бугарски туристи.
Свежо цвеќе на меморијалниот споменик положија и делегации на Република Бугарија и граѓански здруженија.
Бродот „Илинден“ превезуваше 57 патници на релација од Охрид за Свети Наум, а потона во Охридското Езеро на 250 метри од брегот, во близина на автокампот „Елешец“.